sliderImg

Општи услови

ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ СКИ КАРТИ ОНЛАЈН ВО ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД

Ски Центар Маврово за време на промотивниот период издава повеќе вида на ски карти:

Промотивен период важи од 22.12.2025 до 31.12.2025 и картите се по следниве цени:

• Сезонска ски карта за деца од 6 до 13 години по цена од 11.200 денари

• Сезонска ски карта за млади од 14-23 години по цена од 14.000 денари

• Сезонска ски карта за возрасни од 24-70 години по цена од 16.800 денари

*Сезонските ски карти се со важност од започнување до завршување на скијачката сезона. Датумите ги определува Ски Центар Маврово,

При купување на онлајн ски карти потребно е да се внесат точни и веродостојни информации. Во случај на непотполна апликација или внесување на погрешни информации, Ски Центар Маврово нема обврска да изврши враќање на паричните средства или промена на ски картата.

Ски картата се подигнува од билетарата на Скијачкиот Центар, по предавање на ваучерот каде се врши фотографирање на лицето на кое гласи ски картата. Важноста на ваучерот е еднократна, до самото подигнување на ски картата. Ски картата може да биде подигната само од носителот на ваучер. При подигнување на ски картата задолжително е да се приложи документ за идентификација на лицето на кое гласи ски картата.

Со самото подигнување на ски картата се плаќа депозит од 150 денари. По завршување на скијачката сезона, истата се враќа во депозит машината која се наоѓа до Билетарата и депозитот се враќа.

Ски картата гласи на одредено лице и истата неможе да се пренесува на друго лице. Во случај на било каква злоупотреба на ски картата, Ски Центар Маврово има право да ја одземе, а лицето кое ја извршило злоупотреба да плати надомест во вредност на ски картата.

Во случај на губење на ски картата потребно е веднаш да се информира билетарата на Скијачкиот Центар. За губење на ски картата се плаќа надомест од 3.000 денари.

Во случај на лошо време, дефект или спречност на користење на ски картата од страна на лицето на кое гласи ски картата, Ски Центар Маврово не врши враќање на паричните средства.

Доколку Скијачкиот Центар овозможи 20 скијачки дена во текот на скијачката сезона, Ски Центар Маврово не врши поврат на паричните средства.

Овие Правила ги носи Ски Центар Маврово, и истите може да бидат променети во секое време.

AL MK EN

Вашиот код